По големиот успех на филмот „Невозможна мисија: Протокол дух“, Том Круз се спрема по петти пат да ја репризира улогата на тајниот агент Итан Хант. Гостувајќи во една телевизиска емисија, Круз потврдил дека петтото продолжение од филмот ќе биде снимено во скоро време.

Рекол дека работи на сценариото и додал дека во „невозможната“ авантура влегол со намера да сними неколку продолженија. Четвртото продолжение од филмот заработило повеќе од 694 милиони долари. Благодарение на овој филм Том Круз во периодот од мај 2011 до мај 2012 важел за наплатен актер во Холивуд.