Холивудскиот актер Том Круз бил многу несреќен бидејќи неговата ќерка Сури не била пкрај него. После разводот со Кејти Холмс девојчето останало со мајка си и тоа довело до тоа Том да не престанува да плаче поради оддалеченоста од неа.
Извор близок на актерот открил дека во ноќите многу плачел бидејќи му недостасувала неговата миленичка. Изворот изјавил дека разводот многу ги погодил и Том и Сури, а не и било лесно ниту на Кејти која во јавноста морала да ги трпи размазените испади на својата ќерка.