Во знак на благодарност кон неговите фанови, Том Круз на својот твитер профил објавил трејлер за продолжението на авантурата на популарниот Итан Хант. Актерот напишал дека сака неговите фанови први да го видат трејлерот за новиот филм во знак на благодарност за поддршката која тие му ја даваат.


Четвртото продолжение од филмот е снимено во Москва и Дубаи, а покрај Том играат уште и Сајмон Пег и Џереми Ренер, кои ќе ги репризираат своите улоги, додека улогата на младиот женски оперативец ја добила Пола Патон. Премиерата на филмот е закажана за 16 декември во кината во САД.