Холивудскиот актер Том Круз изјавил дека не сака да има повеќе деца. Тој ја има ќерката Сури со својата сегашна сопруга Кејти Холмс и Конора и Изабел со поранешната сопруга Никол Кидман. Тој за списанието „Пипл“ изјавил дека е многу среќен со трите деца. Уживал во секоја секунда која ја минувал со Сури и уживал во односот со неговите постари деца.

Тој исто така истакнал дека ужива што е во брак со Кејти Холмс, со која се оженил во ноември 2006 година, додавајќи дека му се подобрува расположението само кога ќе ја види како влегува во собата. Тој објаснил дека таа е прекрасна личност и додал дека она што го има со својата сопруга е многу посебно.