Том Круз има слава, богатство и моќ, но го нема она што многумина го посакуваат, нормален семеен живот. Извори блиски до актерот тврдат дека Том не ја видел својата ќерка Сури повеќе од 800 дена, или 26 месеци, или повеќе од две години. Се појавија шпекулации дека водачите на сајентолошката црква не му дозволуваат на Том да ја гледа Сури, и за тоа ја обвинуваат неговата поранешна сопруга Кејти Холмс која е многу отворено против црквата и нивните правила. Од друга страна други исто така „упатени“ извори тврдат дека токму Кејти е таа која не му дозволува на поранешниот сопруг да ја гледа ќерка си.

 

Без оглед на сите нивни меѓусебни препукувања, оние кои се упатени во ситуацијата тврдат дека на девојчето му треба татко, а без него мина една петтина од својот живот. Иако Кејти се обидува да биде добра мајка и да и го приопшти животот на висока нога на кој е навикната, постои можност дека од Том ќе побара поголема алиметација, на што има право според некои точки од договорот кој го потпишаа после разводот. Том во една прилика изјави дека не ја гледа ќерката поради работните обврски, но сепак изворите тврдат дека не ја гледа затоа што сам така сака и наводно воопшто немал желба да минува време со неа.