Еден од најпознатите холивудски актери, Том Круз, кој го привлекува вниманието на јавноста како со своите улоги во филмовите, така и со деталите од приватниот живот, вчера наполни 49 години. Во неговата биографија има многу детали на кои многумина можат да завидуваат. Актерот, роден 1962 година остварил запомнети улоги во многу холивудски актери, како што се „Невозможна мисија“ и „Топ ган“.


Успехот не изостанал и во приватниот живот, односно неговиот брак со колешката Кејти Холмс делува совршено, а ја имаат и прекрасната ќерка Сури. Може да се каже дека холивудската звезда, чие полно име гласи Томас Круз Мепотер IV, остварила успех на сите полиња, а сега самоуверено граби кон педесеттата, сеуште мамејќи воздишки кај многу дами. За декември оваа година е најавена премиерата на новиот дел на „Невозможна мисија“, па Том сигурно ќе има уште причини за славење.