Холивудскиот актер Том Круз се нашол на врвот на годишната листа на „Форбс“ за стоте најдобро платени актери со заработувачка која е речиси двојно поголема од второпласираниот Леонардо ди Каприо. Том Круз, кој наполнил 50 години, се нашол во сите светски медиуми после веста дека се разведува, а медиумите шпекулирале дека разводот може да му наштети на неговата кариера. Списанието „Форбс“ пренело дека од мај 2011 до мај 2012 Том заработил 75 милиони долари.
Најмногу заработил благодарение на најновиот филм од серијалот „Невозможна мисија“, кој во кината заработил повеќе од 700 милиони долари. Најплатениот актер за минатата година Леонардо ди Каприо оваа година второто место го дели со комичарот Адам Сендлер со заработка од 37 милиони долари. После нив следуваат Двејн „Рок“ Џонсон и комичарот Бен Стилер.