Том Круз моментално во Велика Британија го снима филмот “All You Need is Kill”, а поради костимот кој е тежок дури 30 килограми, принуден бил често да прави паузи. Во една од сцените морал да претрча речиси еден километар со тешкиот костим.
Извор блиозк на актерот изјавил дека после тие сцени секогаш му биле потребни неколку часа да закрепне. Паузите меѓу снимањата не ги минувал сам. Како што пренеле медиумите, со него во Велика Британија била и ќерката Сури, со која го прославил Денот на благодарноста.