Актерот Том Круз наводно се спрема и по четврти пат да стапне на лудиот камен, а овој пат негова избраничка е неговиот личен асистент, 22-годишната Емили Томас, пренесуваат електронските медиуми ширум светот. Овој 53-годишен актер е во врска со младата емили уште од крајот на 2014 година.

 

Се запознале кога ја вработил како асистент на филмот “Невозможна мисија“ и според пишувањата на списанието Стар, спремен е уште еднаш да го изговори судбоносното „да“. Томас наводно многу личи на поранешната сопруга на Круз Кејти Холмс. Познатиот актер досега бил во брак и со Мими Роџерс и Никол Кидман.