Холивудската ѕвезда Том Круз наводно ќе го глуми познатиот ловец на вампири Ван Хелсинг во обид да се оживее франшизата започната во 2004 година во која глумел Хју Џекмен. Круз наводно, како што пренесуваат медиумите, ќе го продуцира и ќе глуми во новиот филм. Проектот е еден од првите филмови договорени помеѓу компанијата „Универзал“ и сценаристичко-продуцентскиот тим Алекс Курсман и Роберто Орчи.


Парот веќе работел на новото продолжение на филмот „Мумија“, а сега ќе го пишуваат сценариото за Ван Хелсинг. Курсман и Орчи досега работеле на филмовите “Ѕвездени патеки“ и „Трансоформери“, а и биле сценаристи на филмот „Невозможна мисија 3“.