Том Круз за потребите на филмот “Rock of Ages” пуштил коса, ги набилдал мускулите и ставил привремени тетоважи на телото. Популарниот актер во филската адаптација на мјузиклот “Rock of Ages”, кој раскажува за музичката сцена на осумдесеттите години го игра ликот на Стеси Џакс. Иако веќе има 48 години Том се спротивставува на времето и публиката ќе има можност да го види ви сцени во кои ја кине маицата од телото, па танцува со колковите во тесни кожни пантолони, во стилот на легендарниот Иги Поп.


Бидејќи во филмот и пее, неговата сопруга Кејти Холмс изјавила дека има секси мажествен глас. Покрај него во филмот глуми и Расел Бренд, кој добил прилика да го оживее ликот на својот омилен пејач, Ники Сикс од групата „Мотли Кру“, а играат уште и Алек Болдвин, Диего Гонзалес Бонета, Мери Џеј Блајџ и други.