Холивудскиот актер Том Круз најавил дека ќе глуми во петтото продолжение на филмскиот серијал „Невозможна мисија“, пренеле медиумите. Круз повторно ќе ја игра улогата на Итан Хант, а филмот би требало да го режира Кристофер Меквири.
Четвртиот филм „Невозможна мисија: Протокол дух“ заработил во 2011 година близу 700 милиони долари на благајните ширум светот.