Холивудскиот актер Том Круз не морал многу да се потроши на роденденскиот подарок за својата сопруга, актерката Кејти Холмс. Имено, таа за својот 32-ри роденден од сопругот добила машина за шиење алишта. Наводно таа многу често се жалела дека и е многу здодевно, посебно за време на паузите помеѓу снимањата, па посакала да шие перници за Сури и завеси за нејзината соба.
Подоцна Кејти изјавила дека сопругот за роденден и подарил машина за шиење. Додала дека нејзината мајка шиела перници, завеси, прекривачи и правела разни работи со своите раце кои домот го чинеле потопол. Тие работи сега ги правела и Кејти заедно со својата ќерка Сури.