Од разводот со Орландо Блум, Миранда Кер е поврзувана со голем број мажи. На листата на оние со кои познатата манекенка „била“ се Џејм Пакер, Џастин Бибер, Леонардо ди Карпио… А сега ја спојуваат со Том Круз. Како што јавуваат медиумите, славната австралиска манекенка сега ја поврзуваат со популарниот актер, а за својата врска би можеле набрзо јавно да проговорат.
Извор рекол дека Том и Миранда неколку пати разговарале на телефон, па дури и се гледале во тајност секогаш кога таа е во посета на Лондон. Круз не бил во сериозна врска после разводот со Кејти Холмс во 2012 година. А доколку гласините се покажат како точни, тоа би значело дека актерот е слаб на австралијанки. Бидејќи, Том пред Кејти бил во брак со Никол Кидман која исто така е од Австралија.