Холивудските актери Кејти Холмс и Том Круз наводно воопшто не разговараат. Односот на поранешните сопружници после разводот во 2012 година после шест години минати заедно, наводно толку се влошил, што обајцата одбиваат меѓусебно да разговараат, дури и околу прашањата за нивната осумгодишна ќерка Сури. За таа тема користат посредник. Оваа вест стигна само еден ден откако списанието „Пипл“ објави дека Кејт веќе една година се гледа со актерот Џејми Фокс.
Извор близок до нив вели дека не сакаат да имаат ништо еден со друг и дека воопшто не разговараат. Додава дека нема никакви назнаки дека било која од страните е спремна на компромис. Медиумите исто така пишуваат дека Круз својата ќерка не ја видел со месеци бидејќи е зафатен со снимањето на новото продолжение на “Невозможна мисија“ во Лондон, поради што Холмс била многу вознемирена.