Пред месец и половина Кејти Холмс соопштила дека поднела барање за розвод од нејзиниот сега поранешен сопруг Том Круз во судот во Њујорк по пет години брак. Процесот за развод кој во Холивуд може да трае со години, завршил овој вторник за само шест недели.

Крајната одлука била донесена и потпишана во судот во Њујорк кој одлучил деталите околу поделбата на имотот да не бидат објавени. Парот заедно “тежи” 275 милиони долари од кои поголемиот дел му припаѓаат на актерот, а според предбрачниот договор Кејти за секоја година од бракот ќе добие по 3 милиони долари.