Децата на славните личности се привилегирани во многу нешта, а алата Сури Круз, ќерката на Том Круз и Кејти Холмс добила цело лизгалиште само за себе за време на празниците. Том и Кејт за својата миленичка изнајмиле цело едно лизгалиште во рамките на „Рокфелер Центар“ во Њујорк, како нивната ќерка би можела да лизга колку што сака.

Ова задоволство ги чинело само 5000 долари. Грижливите родители освен тоа за Сури нарачале и специјални јадења и играчки кои ќе и бидат доставени на лизгалиштето, така да уживањето ќе и биде потполно во секој момент.