Том Круз и Бред Пит по прв пат се соочуваат со ситуација и обајцата да се натпреваруваат за иста улога, и тоа во акционата фантастика “We Are Mortals”. Во прашање е екранизација на стрип, која ќе биде режирана од Џек Ричер. Меѓутоа, режисерот веќе некое време е на големи маки бидејќи не може да одлучи кому да ја довери главната улога.
Првобитно се шушкало дека насловниот лик ќе го толкува Бред Пит, меѓутоа од скоро во игра е и Том Круз, познат по акционите улоги во филмовите „Невозможна мисија“. Еден од овие двајца ќе игра војник кој гине во интергалактичка војна, но наредниот ден го оживуваат и го враќаат во битка, во која секој ден одново го губи својот живот.