Холивудскиот актер Том Круз моментално е во преговори со режисерот на римејкот на “Ѕвездата е родена“, Клинт Иствуд, и студиото “Ворнер Борс“ за главната машка улога во филмот. Пејачката Бијонсе уште минатата година потврдила дека ќе ја игра главната женска улога на филмот, чие снимање требало да започне уште минатиот месец, но било одложено поради бременоста и породувањето на Бијонсе.
Таа би требало да глуми млада пејачка која се обидува да се прослави, додека том Круз би ја играл улогата на пропаднат музичар кој се вљубува во неа. Таа улога претходно им била понудена на Леонардо Ди Каприо, Вил Смит и Кристијан Бејл, но тие морале да ја одбијат поради работата на други проекти.