Режисерот Адам Санкман наговестил дека во следниот негов проект би можеле да се појават Том Круз и Алек Болдвин. Според американските медиуми, иако на Том улогата сеуште не му е официјално понудена, тој веќе преговара со студиото и учествува во креирањето на сценариото.


На Алек Болдвин исто така му била понудена улога, но официјално не е прифатена. Тој е третиот актер на кој му била понудена истата улога во филмот. Покрај тие двајца во филмот би можела да учествува и Гвинет Палтроу, која изјавила дека сценариото е забавно и дека многу и се допаѓа.