Том Круз одлучил да ги продаде своите две куќи во Лос Анџелес. Славниот актер наводно планира да се исели од Холивуд како би живеел поблизу до саентолошкиот центар. Извор за медиумите вели дека Том не сака да живее во Холивуд и се сели на Флорида. Тој мисли дека сите луѓе во Холивуд се преваранти. Том сакал да биде поблизу до седиштето на саетолошкиот центар во Клирвотер на Флорида. Наводно на тоа го наговорил неговиот пријател и колега Џон Траволта кој е припадник на истата црква.
Круз е роден во Сиракуза во државата Њујорк, но во Лос Анџелес се преселил уште како тинејџер, кога ја започнал актерската кариера. Првиот филм “Endless Love” го снимил во 1981 година. Иако има огромен ранч во Колорадо, најголем дел од времето го минува на своите имоти во Лос Анџелес. Американските медиуми пренесуваат дека куќата која ја купил со поранешната сопруга Кејти Холмс ја ставил на продажба и за неа бара дури 50 милиони долари. Вториот имот, во Холивуд Хилс, реши да го продаде уште во март и за него бара речиси 12 милиони долари.