Популарниот актер Том Круз бил приморан трчајќи да побегне од историскиот споменик откако фановите започнале да трчаат кон него. Неговиот сосема непланиран излет до Кинескиот ѕид завршил со бегање, како во некои од неговите акциони филмови. Обожавателите кои во тој момент се нашле на истото место како и тој, толку биле возбудени што започнале да трчаат кон него.

Актерот немал друг избор освен трчајќи да побегне, додека по него трчале голем број туристи со фотоапарати. Круз е во посета на Кина поради премиерата на филмот „Заборав“ во кој глуми футуристички војник кој се обидува да ја одржува Земјата по нападот на вонземјани.