Американските истражувачи, кои ги прателе децата на возраст од две до пет години, дошле до заклучок дека цртаните филмови се опасни, бидејќи децата учат дека насилното однесување не се казнува. Тие востановиле дека цртаните влијаат многу по негативно отколку што се мислеше до сега. Децата кои на возраст од две до пет години редовно гледаат цртани филмови подоцна стануваат агресивни и по нетолерантни од своите врсници кои пораснале без цртаните јунаци.


Иако голем број од родителите ги сметаат за безопасни, цртаните филмови на децата им даваат погрешна слика за вреднувањето на насилството во вистинскиот живот. Интересно е тврдењето на авторот на американската студија дека за разлика од момчињата, девојчињата кои на истата возраст гледаат цртани филмови, во подоцнежниот живот немаат проблеми со асоцијално однесување.