Еден од најпопуларните цртани филмови за мачорот Том и глувчето Џери е инспириран од вечната нетрпеливост помеѓу овие две врсти животни, а една студентка успеала да фотографира сцена како од цртаниот филм и тоа во вистинскиот живот. На овие фотографии се гледа тензијата која постои на првата средба помеѓу мачката и глушецот, една секунда пред глушецот да почне да бега.
Оваа интересна средба ка фотографирала Енора Лебоз во својата градина. Рекла дека нејзиниот мачор Бастет многу внимателно му се приближувал на глушецот. Но, глувчето било исклучително брзо и успеало да побегне. Во тој момент ја зграбила камерата и сосем случајно го забележала овој момент. Додала дека кога луѓето ќе видат вакви фотографии најчесто се изненадени и воодушевени. За среќа глушецот успеал да побегне, па мачката морала да се задоволи со понаков оброк.