Ѕвездата на филмот „Невозможно“, актерот Том Холанд кој има 19 години ќе го игра популарниот човек пајак во новото продолжение на франшизата кое ќе го режира Џон Вотс. Студиото Сони најави дека филмот, кој сеуште нема наслов, на публиката ќе и понуди нешто сосем ново, а во кината ќе стигне во јули 2017 година.
Од 2002 година снимени се пет филмови во рамките на серијалот кој досега инкасирал четири милијарди долари. Во улогата на Спајдермен претходно беа Тоби Мегваер и Ендрју Гарфилд. Холанд е познат и по улогите во трилерот “Опасен повик“ и во серијата на ВВС „Волчјо легло“, адаптација на романот на Хилари Мантел. Публиката во декември ќе може да го види и во филмот “In the Heart of the Sea” на Рон Хауард.