Шпекулациите околу тоа кој ќе го замени Даниел Крег во улогата на агентот 007 веќе на големо траат. Еден од кандидатите е виден во приватен разговор со режисерот, па се шушка дека новиот Бонд е веќе избран. Британскиот актер Том Хидлстон наводно е виден во еден ексклузивен ресторан во Лондон во друштво на режисерот Сем Мендес, кој ги режираше претходните две продолженија на популарната франшиза.

 

Хидлстон е миленик на женската популација, а се прослави со улогата на негативец во филмовите за Тор. Неодамна во едно интервју изјави дека никој не го контактирал по повод новиот Бонд и дека таа улога не му е понудена. За тоа време Даниел Крег наговести дека можеби сеуште нема да оди „во пензија“. Минатата година изјави дека постои договор поради кој можеби ќе мора да сними уште еден филм од франшизата, но сеуште ништо не е сигурно.