Актерот Том Хенкс добил зангажман во засега ненасловен трилер за ладната војна, кој, како што пренесува „The Hollywood reporter“, најверојатно ќе го режира култниот режисер Стивен Спилберг.

Филмот ќе следи вистинска приказна за американскиот адвокат Џејмс Донован кој бил надлежен за преговорите околу ослободувањето на пилотот на американскиот шпиунски авион U-2, Гари Поверс. Проектот го напишал Мет Карман, а ќе биде работен во продукција на Марк Плат.