Актерот Том Харди и актерката Шарлот Рајли станаа родители. Иако долго криеја дека чекаат принова, пред неколку седмии актерката го покажа трудничкиот стомак. Тоа се случи на премиерата на филмот „Легенда“, а детето стигна на свет само неколку седмици подоцна. Познатиот пар сеуште не го откри полот на детето. Да потсетиме, ова е прво дете за Шарлот, додека Том го има седумгодишниот син Луис од врската со Рејчел Спид.

 

Како што вели актерот, благодарение на синот успеа да се откаже од конзумирањето алкохол и дрога. Објасни дека направил многу грешки поради што неговите родители многу се грижеле. Додал дека е горд на својот син и дека секогаш ќе биде тука за него како би му помогнал да го пронајде вистинскиот пат и да стане добра личност. Том и Шарлот се запознаа во 2009 година на смимањето на филмот „Оркански висови“. Се верија во 2010 година, а во 2014 запловија во брачните води.