Неговиот колега од филмот „Повратник“, Леонардо ди Каприо го освои најважниот Оскар, нему не му успеа да ја освои златната статуа за споредна улога, но згодниот Том Харди синоќа не ја тргаше насмевката од лицето. За тоа имаше добра причина, бидејќи многумина сигурно би ги дале сите свои награди да можат да се најдат во неговата кожа и во прегратка да ја држат неговата прекрасна сопруга Шарлот.
Брачниот пар Харди синоќа беше меѓу најзгодните парови на црвениот тепих, за што во голема мерка помогна совршеното деколте со кое Шарлот засени голем број од славните актерки. Парот делуваше среќно и вљубено, на разочарување на бројните обожавателки кои би скокнале во прегратките на Том. За утеха, згодниот Харди наскоро ќе го гледаме во мини серијата Табу, чие дејство се одвива во 19 век. Неодамна е објавен и привот трејлер за истата, чие доаѓање на малите екрани се очекува со нетрпение.