По Елтон Џон и Дејвид Фурниш, уште еден славен геј пар добил дете, а им го родила сурогат мајка. Се работи за американскиот дизајнер Том Форд и неговиот партнер, новинарот Ричард Бакли, кои добиле син по име Александар Џон Бакли Форд.

Детето се родило во Лос Анџелес. Харизматичниот дизајнер и неговиот партнер во врска се 26 години, и пресреќни се што конечно станале родители.

-Ако некогаш имам дете, никој нема да знае за тоа дури не се роди детето. И никој нема да го види тоа дете, бидејќи нема да го користам за промоција. Јавноста ќе го види кога ќе наполни 18 години – изјавил форд додека бил на чело на Гучи.