Популарниот пејач Том Џонс раскажал дека токму тој требало да го игра првиот Џејмс Бонд на малите екрани, но бил одбиен бидејќи бил премногу познат. Том во 1965 година ја напишал насловната нумера за филмот за тајниот агент “Thunderball”, и тогаш на кратко постоела можност освен во улогата на пејач да се најде и во улогата на главниот лик.
Тој изјавил дека единствено жали за тоа што кога бил помлад не се испробал во глумата. Во таа прилика открил дека бил опција за Џемс Бонд, но продуцентот сметал дека е многу познат и дека тоа на луѓето немало да им биде убедливо.