Том Џонс (71) требаше да го затвори фестивалот во Монте Карло со концерт во престижниот спортски клуб “Salle des Etoiles”, но непосредно пред настапот го откажа.


-Концертот на Том Џонс е откажан поради проблеми со срцето. Пејачот е хоспитализиран и се наоѓа во стабилна состојба-изјавил портпаролот на спортскиот клуб.
Причината за влошување на здравствената состојба на славниот пејач може да биде наглата промена во тежината на која телото имало бурна реакција. Имено, пејачот само пред два месеци изјави дека се чувствува одлично откако изгубил голем број килограми.