Од Sun Production во понеделникот соопштија дека списокот со барања и желби кои Том Боксер и Морена бараат да бидат исполнети од организаторите е многу долг, слично на условите што ги поставуваат светските ѕвезди.
Менаџментот на романската денс атракција поставил посебни услови и барања кои мора да бидат исполнети, и како што велат организаторите на нивното гостување во Македонија, критериумите се многу високи, на рамниште на вистински светски ѕвезди.
Како што пренесува „Макфакс“, при пристигнувањето на аеродромот треба да ги чека лимузина, и во текот на целиот престој да се возат во истата, во лимузината во секое време треба да има ладни напивки, и тоа: сок од рибизли, RredBull, шише Dom Perignon и специјално на барање исклучиво на Морена пакување од најпознатата романска вода BORSEC.
Хотелот во кој ќе бидат сместени мора да биде со пет ѕвезди, да има спа-центар, теретана и фитнес сала.
Во текот на престојот бараат да ги пробаат најпознатите македонски специјалитети и да ги посетат најзначајните туристички локалитети во околината.
Исто така, Морена доаѓа со цел свој тим стилисти кои ќе се погрижат за нејзиниот изглед и нејзин личен асистент.
Том Боксер и Морена се најпознатиот денс состав од Романија кој успеаа да достигне светска слава последните години, за кусо време успеаја да се остават белег во светската музичка историја на популарната музика и да го издигнат својот уникатен стил на едно повисоко ниво, а со тоа да започнат нова ера во музиката на овие простори. Нивниот голем хит „Deep in love“ е дефинитивно најголемиот хит за изминатава година, а доказ за тоа се неверојатните 40 милиони посети на youtube што ретко на кој во Европа му успеало.
Ексклузивно за македонската публика ќе настапат на Love and Happiness фестивалот кој ќе се одржи на охридската ривиера, плажите во Градиште на 28-ми јули.
OhridNews
© Ohridnews.com. All rights reserved.
The content of this article, should not be printed, copied or published in any way, without permission by Ohridnews.com