Само што го пофаливме односот кон општите и корисни добра, несовесните граѓани побрзаа да испратат одлучен демант. Огледалото кое пред околу еден месец беше поставено на незгодната кривина на ул. „Кирил и Методи“ која води до Горна порта, повеќе не постои. Непознат сторител(и) го искршил огледалото кое во многу им помагаше на возачите на острата кривина. Така сега учесниците во сообраќајот со поголем ризик ќе го минуваат опасниот свиок. Иронијата да биде поголема истата судбина огледалото ја доживеа и минатото лето. Само две недели по поставувањето тоа беше искршено. Ако е за утеха, сега издржа двојно подолго.


пред нeколку дена…


…денес


возачите повторно ќе мора да возат на ризик на опасната кривина

Ohridnews
фото: Митко Орачевски