Семејство од Дорсет тврди дека нивното куче Борис, 90 кг тежок Мастиф може да се види од вселената.
Сурфајќи по Google Earth, сопствениците на Борис воочиле голема смеѓа дамка во својот двор. Кога повнимателно се загледале, сфатиле дека тоа е нивното куче кое се излежувало на сонцето.
„Не можевме да веруваме. Не мислевме дека е толку голем да може да се види од вселената.“ – изјавиле сопствениците.
Просечен Мастиф тежи околу 57 кг, но овој е толку голем бидејќи сопствениците имаат хотел во кој тој ги јаде сите остатоци од храна.