Македонската футсал репрезентација претпре пораз со 2-1 во одлучувачкиот натпревар за пласман на ЕП наредната година во Хрватска .Селекцијата на Белорусија ја совлада Македонија  и широко ја отвори врата за влез на континеталниот собир.


Мрежите мируваа во првиот дел, а Белорусите погоди на стартот на вториот дел во 25 и 29 минута. Избраниците на Скендеровски успеаа да стигнат до почесен погодок во 36 минута преку Ранготов.

Кој покрај Португалија ќе патува во Хрватска ќе биде познато по последниот натпревар во групата меѓу првопласираната Португалија и домаќинот Полска. Само победа ги води домаќините во Хрватска.

М.П.