Илчо Наумовски напаѓачот на австрискиот Матерсбург и на репрезентацијата на Македонија, по препорака на клубскиот лекар го откажа настапот на пријателскиот натпревар со Србија закажан за 6.Февруари. Се работи за стомачна повреда информираат од клубот поради која Наумовски ќе тренира со намален интензитет во наредните две- три недели. Од тие причини селекторот Катанец го ослободи Наумовски од обврските.
По отакажувањето на Наумоски за очекување беше во А тимот дополнително да биде повикан Охриѓанецот Гоце Толески. Толески во зимскиот преоден рок направи трансфер во Славија Прага,каде и го постигна првиот погодок на пријателскиот натпевар против Бохемианс , беше резервна опција на Наумоски во минатиот квалфикациски циклус. По тогашнота суспензија и откажување на Наумоски, Гоце настапи на двата наптревари против Русија и Естонија.
Толески е на подготвки со екипата на Славија во ОАЕ
Сепак селекторот на македонската репрезентација, Сречко Катанец за пријателскиот натпревар со Србија (06.02) го заборави Толески и го повика членот на кипарски Енозис, Игор Јанчевски.
Дополнителен проблем за селекторот Катанец е и најновото правило на ФИФА кое вели дека еден репрезентативец може да игра за својата селекција само на една пријателска средба во текот на една година ако тој фудбалер настапува во некој клуб надвор од матичниот континент. Значи со ова правило Стевица Ристиќ, нашиот репрезентативен напаѓач и член на корејскиот Чонбук, може да се “јави” кај Катанец само на една пријателска средба во текот на една година. Се разбира, ова правило не важи за официјалните квалификациски натпревари и не важи за оние пријателски средби ако Македонија одигра контролен меч на азискиот континент.
© Ohridnews.com. All rights reserved.
The content of this article, should not be printed, copied or published in any way, without permission by Ohridnews.com