Есенскиот првак тетовска Ренова го ангажираше охриѓанецот Гоце Толески. Напаѓачот дел од својата кариера помина во тетовскиот прволигаш и нема да му биде никаков проблем играњето за “сино-белите“.

Толески кој последните три години ги помина во Чешка, каде настапуваше во екипите на Мост, Славија и Сигма ќе треба да биде замена за Бесарт Ибраими кој зимава направи трансфер во Шалке.

Во првото коло Ренова е слободна, па така дебито во староновиот дрес охриѓанецот ќе го има во второто коло во Тетово против Силекс.

М.П.