Со голот на охриѓанецот Гоце Толески Славија Прага, во рамките на подготовките во ОАЕ, славеше со 1:0 над австрискиот Салзбург.
“Се чуствувам одлично. Не сакам да размислувам што и како ќе биде понатака. Единствено посакувам да продолжи гол серијата и за време на подготовките, но и со самиот почеток на првенствените натпревари”, вели во изјава за медиумите по средбата Гоце Толески.
пораз претрпеа чесите во дуелот со Зенит 1-0
Чешкиот шампионат продолжува на 17 февруари. Во 17 коло Славија игра против Будејовице. По првиот дел Славија е лидер во првенството со 35 бода, пет повеќе од Спарта на второто и Теплице на третото место.
Три дена претходно на 14 февруари Толески и Славија во рамките на Уефа Купот ќе играат против англискиот Тотенхем.
ohridnews