Охриѓанецот Гоце Толески со црвен картон стави крај на настапите во чешката Сигма.

Толески на гостувањето кај Браник доби шанса од клупата во 63 минута, при негатива од 1-0, а во финишот на мечот неговата екипа израмна, додека пак Толески во судиското надполнување заработи директен црвен картон.

За напаѓачот ова беше последен настап во овај тим, имајќи во обзир дека поради црвениот картон ќе мора да паузира,а во чешкиот шампионат преостанува уште еден натпревар.

Толески го завршува својот шестмесечен престој во Сигма, каде настапи девет пати но не успеа ниту еднаш ја затресе противничката мрежа.

М.П.