Охриѓанецот Александар Толески  ги постигна првите голови во новиот дрес за Литванската Ветра.

Толески (27)  ја искористи конторолата на Ветра со второлигашот Таурегес, загревајќи се за шампионатот со   хет-трик.

Охриѓанецот во зимскиот преоден рок, од Кичевски Напредок мина во Албанската Беселиџа каде одигра само три натпревари. Во Литванската Ветра настапува како позајмен играч.

Покрај Толески солиден настап имашe вториот македонец во редовите на Ветра, Владимир Туневски.