Охриѓанецот Гоце Толески ја пропушти големата победа на Сигма (1-0) во неделното дерби против Славија Прага. Толески како позајмен од редовите на Славија дојде во Сигма но поради договорот кој го имаат двата клуба, тој немаше право на настап.


Натпреварот го одлчучи единствениот погодок на Кобјлик во 64 минута. Екипата на охриѓанецот врза две победи во серија, но тој се уште чека на дебитантскиот погодок во “синиот“ дрес.

M.П.