Охриѓанецот Гоце Толески во продолжението на чешкото првенство ќе го носи дресот на Сигма Олмуц. Повремениот македонски репрезентативец една година мина во дресот на Славија, а во дресот на Сигма ќе остане до крајот на сезонава.


Толески(31) во чешкиот шампионат дојде од германскиот второлигаш Бургхаузен. Прво настапуваше во тимот на Мост каде постигна 8 погодоци кои беа доволна препорака да замине во Славија Прага.


Минатата сезона со Славија триумфираше во шампионатот, а беше прогласен за најдобар странски фудбалер во земјата.

Во 19- те настапи во црвено – белиот дрес Толески постигна шест гола. Од екипата на Сигма Олмуц очекуваат Толески да биде идеално засилување во битката за второто место во шампионатот кое води во квалификациите за Лигата на Шампиони.

М.П.