Повремениот македонски репрезентативец Гоце Толески  со погодок во 76 мин донесе нова победа за лидерот во чешкиот шампионат Славија Прага.
 
Благодарениe на голот на Толески, Славија во последниот пријателски натпревар на подготвките го совлада Кладно со 3-2.

На два пати гостите водеа, а со двата гола на Штрихавка црвено –белите се враќаа во игра. Погодокот беше доволен за пресврт и победа во пријателскиот натпревар.


Ја искористи шансата во вториот дел – Толески (трет од лево)

За Толески ова е трет погодок за врме на  подготвките екипта на Славија.

Првиот официјален натпревар за Толески во црвено – белиот дрес ќе биде на 14 Февруари во Уефа купот против англискиот Тотенхем.