Лидерот во второлигашката конкуренција Охрид 2004 не успеа да ги договори условите за враќање во матичниот клуб на поранешниот македонски репрезентативец Гоце Толески.
Толески од стартот на подоготвките беше дел од составот на “рибарите“, одигра и неколку пријателски средби, но до договор не дојде со што со сигурност тој нема да настапи на воведното коло од пролетниот дел од првенството против Локомотива на “Билјани Извори“.
Од клубот велат дека не ја затвараат вратата за напаѓачот, кој добро би им дошол во трката за влез во Првата лига која започнува викендов. Охрид 2004 има бод повеќе во однос на второ и третопласираните Тиквеш и 11 Октомври.
М.П.
© Ohridnews.com. All rights reserved.
The content of this article, should not be printed, copied or published in any way, without permission by Ohridnews.com