Македонскиот интернационалец, Охриѓанецот Гоце Толески погоди за Славија Прага за победа од 2-0 на гостувањето кај Млада Болеслав.

Толески на теренот помина 83 минути, а во 8 минута со прецизен удар со глава и обезбеди водство на својата екипа. За Гоце ова е трет погодок за Славија, втор во серија.

По оваа победа и поразот на градскиот ривал Спарта Прага од Баник 1-2, Славија на едно коло пред крајот ја превзеде лидерската позиција.

На црвено- белите потребен им е бод во последното коло на домашен терен против Јаблонец за да ја одбранат титулата.

М.П.