Македонскиот фудбалски интернационалец и најдобар стрелец во чешкото првенство, Гоце Толески, денеска треба да го одигра својот прв официјален натпревар за својот нов клуб Славија Прага, во Купот на УЕФА против гостинот Тотнем.

Некогашните победници во ова натпреварување Тотнем и Баерн Минхен,фаворити за титулата, како гости ќе стартуваат во елиминациските натпревари од 16-финалето во Купот на УЕФА.
 
На синоќешните натпревари постигнати се следниве резултати:
Зенит – Виљареал 1:0, Галатасарај – Баер Леверкузен 0:0, АЕК – Гетафе 1:1, Бран – Евертон 0:2, Вердер – Брага 3:0, Андерлехт – Бордо 2:1, Марсеј – Спартак Москва 3:0, ПСВ Ајндховен – Хелсинборг 2:0, Ренџерс – Панатенаикос 0:0, Спортинг – Басел 2:0.

Денес играат:
Абердин – Баерн Минхен, Цирих – Хамбургер, Розенборг – Фиорентина, Болтон – Атлетико Мадрид, Славија Прага – Тотенхем, Бенфика – Нирнберг.

Реванш натпреварите на програмата се во четврток, 21-ви февруари.

М.П.