Деновиве во старата чаршија, во непосредна близина на Чинарот, со работа почна бистро „Токио“ коe Охрид го става на светската мапа на туристички места каде може да се вкуси квалитетна азиска храна.
Во новиот специјализиран угостителски објект, прв од ваков вид во Охрид, може да се проба суши, том-јам, нудли, специјалитети од ориз, како и специјалитети со морски плодови. Има и веганска и вегетаријанска понуда, специјални десерти како уникатните руски вафли со сладолед, „Ice coffee frappe“, а има и фамилијарна понуда и детско мени.
Храна може да се купи и за носење, или да се нарача за достава од 15 – 22 часот на тел. 070 523 803. Освен овие, бистро „Токио“ ќе нуди и кетеринг услуги.
Во бистро „Токио“ може да се проба и познатото јапонско пиво „Асахи“ и други пијалаци од земјата на изгрејсонцето, а со секој купен „Токио рол“ може да се вкуси традиционално јапонско саке.
OhridNews/PR
Фото: Бобан Стојаноски