Мажите во Токио во последно време имаат нов хит. Имено, шетаат низ градот облечени во сукњи и не им сметаат љубопитните погледи на минувачите. Еден студент изјавил дека му се допаѓа да носи сукњи и е воодушевен од новиот моден хит. Тој по улиците на Токио се шетал во бела памучна сукња со геометриски облици.


Се поголем број на мажи се инспирирани од новиот тренд и се одлучуваат да се облечат во сукњи. Дали станува збор за минлив моден тренд или конечно бришење на границите меѓу начинот на облекување на мажите и жените останува да покаже времето.