МTV и Белградска Арена со гордост ви го најавуваат концертот на германската тинејџерска атракција ТОКИО ХОТЕЛ, кој ќе се одржи на  28 март 2010 година.  Бендот ќе настапи во Белград во рамките на својата светска турнеја „Хуманоид“, на која го промовираат истоимениот албум.

Влезниците за овој концертен спектакал се веќе во продажба, а резервациите и продажбата се на следните веб сајтови:

www.arenabeograd.com и  www.tickets.rs.

Поради големиот интерес на публиката МTV и Белградска Арена ги здружија силите и за прв пат во овој регион ќе го донесат најпопуларниот германски бенд. По откажувањето на концертот, кој претходно беше најавен за Загреб, МТВ и Белградска Арена одлучија да ги преземат работите во свои раце и да им ја исполнат желбата на обожавателите на Токио Хотел.

Овој концерт ќе го означи почетокот на соработката на најголемата светска телевизиска мрежа МТВ со една од најголемите и најпосетуваните арени во регионот.

Ohridnews